Тројца обвинети за ЗЛОУПОТРЕБА на службената должност и финансиски измами

обвинителство
Основното јавно обвинителство Велес, по спроведена истрага, до Основен суд Велес поднесе Обвинителен акт против две лица од Скопје, како соизвршители, за продолжено кривично дело –  Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 од Кривичниот законик и против едно лице од Скопје за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 од Кривичниот законик како помагач, соопштува Основното јавно обвинителство.

Во временскиот период од 2002 година до 2006 година, двајца од обвинетите биле управители на Алскоп ГМБХ од Франкфурт, Германија со единствено право на застапување. Во исто време, еден од нив ја извршувал функцијата генерален директор на ФКН АД Неготино, додека другиот бил претседател на Одборот на директори на ФКН АД Неготино. Притоа тие, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, во повеќе наврати на штета на ФКН АД Неготино за себе прибавиле значителна имотна корист во вредност од 5.725.123.048,35 денари. Во ова со умисла им помогнала и третата обвинета, во својство на законски застапник на Интер кабел АД Скопје.

Двајцата обвинети, спротивно на одредбите од Законот за трговските друштва, склучувале договори и донесувале одлуки во кои имале интерес, без да добијат одобрување од неизвршните членови на Одборот и без да го известат Собранието на акционери. Имено, без спроведена постапка и без донесена одлука од Собранието на акционери тие стапувале во деловни односи со фирмата Интер кабел АД Скопје и со Алскоп ГМБХ, се вели во соопштението на ОЈО.

Третата обвинета не платила претходно примени фактури за извршен превоз од фирмите Повардарие Шпед, Поп Транс, Алекса Турс и Макошпед СК, туку ги префактурирала на правното лице ФКН АД Неготино по што останатите двајца обвинети ги прифаќале ваквите фактури.

На 29.11.2005 година, двајцата обвинети помогнати од третата обвинета, склучиле договор за пристапување кон договорот за рамковен револвинг кредитен лимит помеѓу Интер кабел и Комерцијална банка со договор за залог врз недвижен имот. Кредитот со пресметаните камати во износ од 40.221.194,50 денари во целост го исплатиле на 20.10.2007 година на штета на ФКН АД Неготино, наведува ОЈО.

На 18.09.2007 година  еден од обвинетите, како одговорно лице на ФКН АД Неготино,  помогнат од третата обвинета како законски застапник на Интер кабел,  склучил договор за отстапување на побарување-цесија помеѓу Интер кабел како отстапувач-цедент, Елинг Скопје како примач на побарувањето – цесионер и ФКН АД Неготино како должник-цесус, со што побарувањето на Интер кабел од Скопје кон ФКН АД Неготино преминало на Елинг Скопје. Договорот не бил книговодствено евидентиран во ФКН и немал деловоден број, со што на Интер кабел му бил признат без основ износ од 39.331.471,50 денари на штета на ФКН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот