Тројца нови заболени од Ковид-19 во Пијанечкиот регион

Јуни 2020, Скопје / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Денешниот биланс на заболени од корона вирусот донесе зголемен број на позитивни лица на Ковид-19 во Пијанечкиот регион. По подолго време на листата се најде и Делчево со три нови случаи, за кои овдешните лекари информираат дека се работи за пациенти од Македонска Каменица, кои поради административни процедури фигурираат како заболени од Делчево.

„Тие се поврзани со случајот кој пред неколку дена се појави во Македонска Каменица, повеќето се без симптоми и со лесна клиничка слика“, информираа лекарите.

Со инфицираниот со коронавирус во Македонска Каменица кој беше регистриран завчера, бројката на позитивни од почетокот на пандемијата во регионот на Пијанец изнесува пет случаи, од кои во моментот четворица се активни на Ковид-19.

Од општините во регионот освен во Македонска Каменица, како активен се води и еден случај во Берово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот