Тројца мажи претепале роднина

тепачка
Илустрација: Тепачка / Фото: МИА

Триесет и осумгодишниот К.Л. од тетовското село Пирок вчера бил нападнат од тројца негови роднини откако го виделе како излегува од дома. Напаѓачите, според пријавата на нападнатиот, користеле тврди предмети, а подоцна се и приведени во тетовската полиција.

Во инцидентот учествувале Е.К.(18), Н.К.(43) и Н.К.(66). Според полицијата тие користеле тврди предмети. Тројцата напаѓачи се задржани во полициската станица во Тетово, од каде велат дека по целосното документирање на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок.

За настанот известен е и јавен обвинител, а приведените првично се осомничени за насилство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот