Тројца мажи казнети со по 2.000 евра за прекршување на полицискиот час во Скопје

фото Архива

За кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица.

Обвинетите, при контроли извршени на 23 и 24 март, биле затекнати во прекршување на полицискиот час. Спротивно на определената забрана за движење во периодот од 22 до 05 часот како мерка за сузбивање на заразна болест, тие се движеле на различни локации во градот.

Јавното обвинителство за обвинетите предложи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот