Тројца малолетници осомничени за 12 кражби во Тетово, три месеци краделе во продавници, киосци и чајџилници

Полиција сообраќај
Сообраќајна полиција /Фото: МИА

 Тетовската полиција информира дека се расчистени 12 кражби за кои се осомничени тројца малолетници од 13 до 16 години, кои воедно не го почитувале и полицискиот час. Тие се осомничени дека за речиси три месеци краделе во повеќе обејкти.

 – Секторот за внатрешни работи Тетово целосно расчисти 12 тешки кражби и ќе изготви соодветен поднесок  по член 236 од Кривичниот законик против 3 малолетни лица од Тетово на возраст од 13 до 16 години. Тројцата малолетници се сомничат дека  во периодот од февруари до 20 април годинава со употреба на сила влегувале во продавници, киосци и чајџилници во централното тетовско подрачје и одземале пари или разновидни производи, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

 Малолетниците истовремено не ја почитувале и забраната за движење, за што ќе се соочат, исто така, и со поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”, согласно член 206 од Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот