Тројца кумановци и двајца кратовци не ја почитувале забраната за движење

На подрачје на градот Куманово регистрирани се 44 лица на кои им е изречена мерка медицински надзор и домашна изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Тројца кумановци и двајца кратовци не ја почитувале мерката за забрана за движење во периодот од 21 до 5 часот, соопшти денеска СВР Куманово.

– На подрачјето на СВР Куманово во текот на изминатото деноноќие лишени од слобода се пет лица, три во Куманово и две во Кратово, кои не се придржувале до мерката забрана за движење на граѓани во временскиот период од 21 до 5 часот и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од полицијата.

На подрачје на градот Куманово регистрирани се 44 лица на кои им е изречена мерка медицински надзор и домашна изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Регистрирани се и 567 лица (450 од Куманово, 41 од Општина Липково, 35 од Крива Паланка, 27 од Кратово и 14 од Општина Ранковце) со наредба за изолација од Министерство за здравство.

Прочитајте и...  Десет приведени за полициски час, девет од нив и за нарушен јавен ред и мир

Од страна на полициски службеници од СВР Куманово се вршат секојдневни контроли на лицата кои се во изолација и самоизолација, како и контроли на угостителски објекти, при што не се регистрирани прекршувања од истите, со исклучок на едно лице кое не се придржувало до мерката за „Здравствен надзор и домашна изолација”-самоизолација, за што ќе следи соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Тепачка меѓу соседи во Кисела Вода

Горан Наумовски

Десет приведени за полициски час, девет од нив и за нарушен јавен ред и мир

МИА Агенција

Среде полициски час, маскирано лице запалило познат скопски ресторан (ВИДЕО)

Слободен печат

Вооружен инцидент во скопско Бутел, нема повредени

Слободен печат

Дадилката која тепаше двегодишно дете во Аеродром осудена на година и пол затвор

Слободен печат

Во Скопје пронајдени две човечки тела во фаза на распаѓање

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Во Гевгелија загина мотоциклист по судир со трактор

Слободен печат

Деветгодишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка во Скопје

Слободен печат

Полицискиот час не го почитувале 52 лица, приведени се 28 од нив

Слободен печат

Казни за четворица скопјани кои без дозвола се шетале за време на полициски час

Слободен печат

Во Велес се трага по исчезнато 17-годишно момче

Слободен печат

Изгоре магацински простор за резервни автомобилски делови во Радишани

Слободен печат