Тројца хрватски пратеници, осомничени за проневера останаа без пратенички имунитет

Хрватскиот Парламент денеска го укина имунитетот на пратениците Дарко Пуљашиќ и Винко Гргиќ од ХДЗ, односно СДП, како и на Дражен Баришиќ поради покренување истрага за „случајот Јанаф”.

УСКОК (Управа за сузбивање копција и организиран криминал) вчера почна истрага против директорот на компанијата Јанаф, Драган Ковачевиќ и уште десетмина осомничени за проневера со тендер.

Парламентот даде одобрување за апсење на Баришиќ и Гргиќ и притвор поради сомнение дека биле вмешани во аферата „Јанаф”.

Хина наведува дека ова се невидени одлуки во современиот парламентаризам, бидејќи имунитетите на тројца пратеници никогаш не биле укинати за еден ден. Одлуките беа донесени со големо мнозинство гласови. 

Хрватска: Тројца пратеници вмешани во мега аферата Јанаф, уапсени 10 лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот