Тројца Французи и еден Ирачанец се водат за исчезнати во Багдад

Фото: EPA-EFE/MURTAJA LATEEF

Француското Министерство за надворешни работи не даде коментар, освен Француската амбасада во Ирак.

Четворица „искусни” соработници на француската невладина организација СОС Кретјан д’ориент (Источни христијани), од кои тројца Французи и еден Ирачанец, се водат за исчезнати од понеделникот во Багдад, и се уште не е добиено барање за откуп или преземање на одговорноста, објави невладината организација на својата интернет страница, јавува дописникот на МИА.

Четворицата „исчезнаа околу Француската амбасада” во центарот на градот, според Бенжамин Бланшар, генералниот директор и ко-основач на невладината организација СОС Кретјан д’ориент, која помага на ова верско малцинство, жртва на насилно прогонство во регионот.

Четворицата „се искусни вработени кои соработуваат со нас со години”, додаде тој за време на прес-конференцијата, нагласувајќи го нивното „совршено познавање на кризите” што го потресуваат регионот.

Организацијата залудно се обиде да ги добие во текот на денот и во вторникот, пред да ги извести француските власти во средата наутро. Идентитетите на четворицата исчезнати не беа обелоденети од безбедносни причини.

-Тие беа таму за да ги обноват своите визи и да го регистрираат здружението пред ирачките власти, продолжи директорот, додавајќи дека СОС Кретјан д’ориент бил официјално регистриран пред автономната регионална влада на Курдистан, но сè уште не пред сојузната влада во Багдад. „Тоа се долги и сложени процедури”.

Француското Министерство за надворешни работи не даде коментар, освен Француската амбасада во Ирак.

-Француските и ирачките власти денеска се координираат за да ги испитаат и да ги пронајдат нивните траги, рече Бенжамин Бланшар, додавајќи дека тој бил „во близок контакт” со семејствата.

НВО се претставува како хуманитарно здружение, кое им помага на христијаните на Истокот, жртви на прогонство, особено под влијание на самопрогласениот калифат на терористичката организација Исламска држава.

Според веб-страницата на НВО, таа ја изврши својата прва мисија во Сирија во 2013 година, а потоа во Ирак во април 2014 година, пред истата година да отвори во Багдад постојана мисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот