Тројца агенти на УБК украле 820.000 евра

По сеопфатна истражна постапка отворена во март годинава, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе обвинителен акт против четири лица, македонски државјани. Тројца се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување, а четвртиот пак за помагање во извршувањето на истото кривично дело.

„Обвинетите, како службени лица вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи, во временскиот период од 25.01.2007 година до 30.05.2017 година, постапиле спротивно на чл.7 ст.1 и чл.12 од „Упатството за користење на средства за посебна намена на УБК“. Во наведениот временски период, во вкупно 172 наврати за потребите на касата за исплата на средствата за посебни намени на УБК, од Одделот за финансии при Министерството за внатрешни работи, подигнале парични средства за кои поднесувале барања и стални признаници за износите што ги подигнувале. Притоа, без да имаат посебно одобрение од директорот на Управата, без да биде формирана Комисија за ништење на материјална документација и без записници, ги уништиле евиденциите за потрошените средства заедно со документацијата за исплата „главните книги за евиденција“.

Прочитајте и...  Убави вести од Италија: Бебе се опорави од коронавирусот како и целото семејство

Со ваквите дејствија предизвикале штета на Буџетот на државата во вкупен износ од 50.670.000,00 денари. Поради постоење на основано сомневање дека доколку обвинетите се пуштат да се бранат од слобода може да се дадат во бегство, односно нема да бидат достапни на органите на прогон, особено ако се земе предвид кривичното дело што им се става на товар, надлежниот обвинител заедно со обвинителниот акт, достави и посебен предлог мерката притвор определена од судија на претходна постапка да се продолжи против тројца обвинети“ велат од ОЈО.

Прочитај повеќе

Во Србија вкупно 44 починати и 1.624 заразени лица од коронавирус

Слободен печат

Во САД користат крвна плазма од излекувани за лекување на новозаболени од Ковид-19

Слободен печат

Експлозија во зграда во Русија, еден мртов (ВИДЕО)

Слободен печат

Русија: Во јуни тестирање на вакцина за Ковид-19 на луѓе

Слободен печат

Филипче: Петмина починати и 53 новозаразени со корнавирус во земјава

Слободен печат

Франција: Барател на азил уби двајца, а повреди седум минувачи со нож

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Чулев: 1322 лица не го почитувале ограниченото движење, 10 прекршувања за изолација, 157 за самоизолација

Слободен печат

Вработена во Поликлиниката Чаир позитивна на коронавирус, извршена дезинфекција на објектот

МИА

Честитка од Спасовски, Шекеринска и Димитров за Денот на НАТО (ВИДЕО)

Слободен печат

Жерновски до Мицкоски: Да се прикажуваш како херој со лажни вести и да шириш дефетизам, е жалосно

Слободен печат

КОРОНАВИРУС: Во еквадорски град лешеви лежат по улиците

Слободен печат

Парли: Околу 600 француски војници се заразени со коронавирусот

Слободен печат