Тројца скопјани се приведени на наплатната рампа Гостивар, кај нив е пронајдена дрога

Апсење / Фото: МИА

На 30.07.2021 околу 19.30 часот на наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода М.Л.(20), Х.Н.(18) и О.М.(21), сите од Скопје. При преглед во патничко возило „фолксваген голф”, со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале лицата, биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана и дигитална вага со остатоци од амфетамин.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Видео на денот