Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Фото: МИА

Вчера во 09.30 часот во Полициската станица Карпош, Д.Т.(70) од Скопје пријавил дека на улицата „Франц Розман“ бил каснат од куче скитник.

Исто така вчера во 11.15 часот во Полициската станица Центар, М.Ѓ.(30) од Скопје пријавил дека на кеј „Димитар Влахов“ бил каснат од куче скитник.

Во полицискиот билтен има уште еден случај со каснување на лице од куче китник- вчера во 12.50 часот во Полициската станица Аеродром, М.В.(64) од Скопје пријавил дека на булеварот „АВНОЈ“ бил каснат од куче скитник.

Видео на денот