Тројца приведени за физичка пресметка, со возило „јагуар“ загрозена безбедноста во сообраќајот

Полиција сообраќај
Сообраќајна полиција /Фото: МИА

Тетовските полицајци од станицата во Камењане вчера привеле две машки лица од Богoвиње и едно од Горно Седларце затоа што учествувале во физичка пресметка, а при тоа бил загрозен животот на учесници во сообраќајот со употреба на патничко возило „јагуар”.

– Во 20 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода Б.З.(36), Л.З.(33), двајцата од тетовско Боговиње и Д.С.(21) од Горно Седларце, затоа што околу 17.30 часот во близина на бензинска станица покрај автопатот Тетово – Гостивар учествувале во физичка пресметка, каде било инволвирано уште едно лице, при што со патничко возило „јагуар“ без регистарски ознаки била загрозена безбедноста на учесниците во сообраќајот, информираат од СВР Тетово.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот