Тројца бугарски државјани приведени на Деве Баир, се обиделе физички да нападнат полициски службеници

ГП Деве Баир / фото: архива на „Слободен печат“

Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна тројца бугарски државјани, информира МВР.

– Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот, соопшти Министерството.

Денеска над 100 автомобили и десетици тешки товарни возила се блокирани на границата меѓу Бугарија и Република Северна Македонија помеѓу граничните премини „Ѓуешево“ и „Деве Баир“. Во автомобилите запрени на граница се и патници за прославата на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, јавија бугарските медиуми.

Сообраќајот беше во прекин околу 9 часот утринава,  поради неисправност на системот за контрола на патници и возила. Системот беше обновен по 12:30 часот и сообраќајот продолжи да се одвива нормално.

ВИДЕО: Жестоки расправии на Деве Баир, бугарски граѓани бараат влез во Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот