Трогателен говор на момче кое го загуби таткото во уривањето на украинскиот авион: „Како да сонувам“ (ВИДЕО)

Фото: CBS News

Рајан Поурјам една недела по смртта на неговиот татко излезе на подиум и зборуваше за тоа каков беше неговиот татко, како и за тоа што сѐ тој го научил.

Додека момчето зборуваше за татко му, го слушаа околу 200 членови на неговото семејство, роднини и пријатели. Тие гледаа во подот и едвај ги задржуваа солзите.

Момче (13) од Канада одржа говор по погребот на неговиот татко, кој загина во уривањето на украинскиот авион пред една недела во Иран, пренесува српски „Телеграф“.

Рајан Поурјам една недела по смртта на неговиот татко излезе на подиум и зборуваше за тоа каков беше неговиот татко, како и за тоа што сѐ тој го научил.

– Не можам да се присетам на ниту еден момент во животот кога мојот татко Мансур имаше било каков траг на негативност во гласот или во делата – рече на почетокот на говорот Рајан на службата во Отава.

Додека момчето зборуваше за својот татко, го слушаа околу 200 членови на семејството, роднини и пријатели, пишува Си-Ен-Ен. Додека го слушаа, сите гледаа во подот и едвај ги задржуваа солзите.

Рајан пред присутните рече дека татко му секогаш му зборувал да остане позитивен што и да му се случи во животот.

– Гледам во присутните и можам да го забележам неговото семејство, пријателите, врските кои ги градел со децении и тоа ме теши бидејчи знам дека сите се тука за да го слават неговиот неверојатен живот. Допре до секоја личност во оваа публика. Тоа е неверојатно – рече момчето.

Додаде дека неговиот татко по секоја трагедија останувал силен.

Откако го поздравија со аплауз, ги избриша солзите и рече дека и понатаму не може да верува дека неговиот татко сега го нема.

– Стојам овде една недела по ужасната трагедија и понатаму не можам да верувам. Имам впечаток како да сонувам. Но знам дека кога би сонувал, тој би ме разбудил и би ми рекол дека се ќе биде во ред…И ќе биде – заклучи момчето.

Фото: Принтскрин/CBS News

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот