Трофејот се сели во Градски парк, Работнички по десетти пат триумфира во кошаркарскиот Куп

Екипата на Работнички ја збогати трофејната ризница со нов „плен“ откако со победата од 85:71 над Блокотехна е победник на кошаркарскиот Куп на Македонија. Ова е вкупно 10. трофеј за Работнички, со што му избега на МЗТ Скопје, а стана и првиот тим кој има двоцифрен број на титули во Купот (10) и во првенството (15).

Кошаркарите на Работнички успеаја да го надминат заморот од исцрпувачкото полуфинале со МЗТ Скопје и да демонстрираат одлична игра, одбраната беше на ниво во вториот дел (Работнички прими само 22 поени во второто полувреме) и сосема заслужено дојде до победата.

Клучна за победата на Работнички беше одличната игра во третата четвртина, во која уште на стартот направија серија од 11:2 со која дојдоа до резултатски пресврт (56-51) откако во првиот дел Блокотехна беше најчесто во водство. Избраниците на Марин Докузовски знаеја како да ја сочуваат предноста и преку двете тројки на Караџовски во финишот ја заверија победата.

Најпрецизен во победничкиот тим беше Чавдар Костов со 25 поени, Караџовски додаде 18 поени, додека ветеранот Чековски уфрли 14 поени. Кај Блокотехна Фандербурк беше најрасположен за игра со 24 постигнати поени додека Џумиќ уфрли  15 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот