Трофејот од Купот на Италија во витрините на Лацио (ВИДЕО)

EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Екипата на Лацио е освојувач на Купот на Италија откако на стадионот „Олимпико“ во Рим, ја совлада Аталанта со 2:0. „Лацијалите“ до трофејот дојдоа со двата гола кои ги постигнаа во последните 10 минути од натпреварот.


Српскиот репрезентативец, Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 82. минута го отвори резултатот, додека победата ја завери Кореа во 90. минута.

Ова е седми трофеј за Лацио во Купот на Италија, а последен пат триумфираше пред шест години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот