Трките во Формула 1 од Мексико, САД и Бразил преместени во Европа

epa08554994 A handout photo made available by the FIA shows British Formula One driver Lewis Hamilton of Mercedes AMG GP leading the pack at the start of the Formula One Grand Prix of Hungary in Mogyorod, Hungary, 19 July 2020. EPA-EFE/FIA/F1 HANDOUT SHUTTERSTOCK OUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Челниците на Формула 1 се откажаа од одржувањето трки оваа сезона во САД, Бразил и Мексико, земји кои се меѓу најпогодените од пандемијата на коронавирусот.

Поради повторното ширење на коронавирусот и зголемувањето на бројот на заболени, челниците на Ф1 сметаат дека би било неодговорно да се организираат трки во САД, Бразил и Мексико, јавува Би-Би-Си. Наместо нив, Либерти Медиа кои се сопственици на Формула 1, планираат трки во Европа и тоа на патеките Имола, Нирбургринг и Портомао во Португалија.

Трката во Нирбургринг ќе се одржи на 11. октомври, а последен пат на оваа патека се возеше во 2013 година.
Алгарве и патеката Портимао како домаќини треба да дебитираат на 25. октомври и за прв пат по 1996 година Портигалија ќе организира трка во Ф1 шампионатот.
На 1. ноември ќе се вози трката во Имола како Голема награда на Сан Марино и тоа за прв пат по 2006 година. Оваа патека е најпозната по трагичната смрт на Аиртон Сена во 1994 година, само еден откако претходно во квалификациите животот го загуби и Роланд Раценбергер.

Според актуелниот календар, се извозеа само три трки оваа сезона, а во план се уште седум. Трката за Големата награда на САД во Остин требаше да се одржи на 23. октомври, една недела подоцна требаше да биде трката за Големата награда на Мексико во Мексико сити, а трката во Бразил е на календарот на 13. ноември.

Бидејќи од порано откадна трката за Големата награда на Канада, Ф1 трките ќе се возат само во Европа и во Азија. Засега е извесно дека завршницата во Формула 1 ќе биде во нормври и декември на патеките во Бахреин и Абу Даби како и дека во Азија ќе се вози и трката во Виетнам, а постои можност да се одржи една трка и во Малезија на патеката Сепанг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот