Трките со автомобили повторно го блокираа булеварот кај УКИМ

Посебен сообраќаен режим е воведен и денеска од 7:00 до 17:00 часот на дел од булеварот „Гоце Делчев” во Скопје поради меѓународниот кружен натпревар во автомобилизам ФИА – ЦЕЗ награда на град Скопје „Скопје-2019″, во организација на Автомобилистичката федерација.

– Натпреварот ќе се одвива на потегот од крстосницата помеѓу бул. „Крсте Петков Мисирков” и бул. „Гоце Делчев”, право до крстосницата помеѓу бул. „Гоце Делчев” и ул. „Беласица”, до надвозникот на железничката пруга на исток, северно продолжува до кружниот тек, јужно до крстосницата помеѓу улиците „Владимир Комаров” и „Беласица”. Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, соопшти МВР.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот