Тркалезна маса за економската иднина на земјава

Во организација на Институтот за стратегија и развој (ИСД), денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Економските предизвици и ефекти од евроатланските интеграции”.

Целта е да се поттикне дебата за можните економски предизвици со кои земјава би се соочила во процесот на евроинтеграција.

Тркалезната маса, според организаторот, ќе биде своевиден форум на кој политичарите, академиците, претставниците на бизнис заедницата и младите ќе имаат можност отворено да разменуваат мислења за прашања од суштинска важност за економската иднина на земјата, а на неа ќе се обрати и премиерот Зоран Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот