ТРКАЛЕЗНА МАСА: Кои се идните чекори во процесот за пристапување на Македонија во ЕУ

Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) денеска во Скопје организира тркалезна маса на тема „EU accession: no pass to an impasse?” (Пристапување во ЕУ: нема излез од ќорсокак?”), на која ќе се разговара за идните чекори во процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ, како и за поврзување на дискусиите помеѓу ЕУ и регионот за овој процес, по недобивањето датумот за почеток на преговорите.

На тркалезната маса најавено е учество на заменик-министер за надворешни работи Андреј Жерновски, на Малинка Ристевска Јорданова, членка на управниот одбор на ЕПИ, на Валеска Еш, програмска директорка во Институтот Аспен од Германија, Себастиен Грику, политички советник во фондацијата „Жан Журес” од Франција, како и на Воутер Звеерс, истражувач во Клингендал институтот од Холандија.

Настанот има цел да ги доближи дискусиите и перцепциите за процесот на пристапување од релевантни чинители од Франција, Холандија и Германија, наведуваат од Институтот за европска политика – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот