Трка со времето: Дали Роналдо ќе игра против Меси?

Кога и официјално беа познати групите во Лигата на шампионите за новата сезона, многумина со одушевување ги најавија мега пресметките помеѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси, односно Јувентус против Барселона.

Наредната недела (28 октомври 2020 година) во Торино „Старата дама“ ќе ги одмери силите против каталонскиот гигант од 21.00 часот во рамките од второто коло во групата „Г“.

Настапот на Роналдо е под знак прашалник, бидејќи Португалецот е позитивен на коронавирус. Според досегашните најави можно е еден од најдобрите играчи на светот да настапи против Барса и тоа благодарение на протоколот на УЕФА.

Роналдо во карантин го смени имиџот, нема да го препознаете со новата фризура (ВИДЕО)

Според протоколот на европската фудбалска куќа играчит не мора да биде негативен на ковид-19, не треба да има симптоми, односно треба да се чувствува добро и да биде асимптоматски.

Прочитајте и...  Најинтересните изјави на Марадона: Кој танцува со својата сестра, зашто Роналдо продава шампон за коса...

Фудбалерот на италијанскиот шампион објави видео на „Инстаграм“ дека се чувствува добро и нема никакви симптоми. Во меѓувреме, Јувентус ја испрати документацијата до УЕФА. Клучно ќе биде тестирањето ден пред натпреварот. Доколку Роналдо биде негативен, тогаш ќе има право да игра против Барселона.

Поврзани вести

Лига на Европа: Наполи победи и за Диего (ВИДЕО)

Слободен печат

Барселона без милост кон Кил, Митревски и Порто минимално С

Слободен печат

ВИДЕО: Џејмс со луда тројки го сруши Реал, пораз на Црвена звезда во Евролигата

Слободен печат

ВИДЕО: Солзи на „Сан Паоло“, сите фудбалери на Наполи излегоа дресови со бројот 10

Слободен печат

Најинтересните изјави на Марадона: Кој танцува со својата сестра, зашто Роналдо продава шампон за коса…

Слободен печат

Лига на Европа: Адеми со Динамо и Црвена звезда пред пласман во нокаут фазата 

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanianBulgarian