Трка по остатоците од урнатиот „ф-35“ во Јужно Кинеско Море

Ф-35 / фото: EPA/Valda Kalnina

Воената морнарица на САД настојува што е можно побрзо да го извлече урнатиот авион „ф-35“ од водите на Јужно Кинеско Море за да спречи технологијата на својот најнапреден борбен авион да се „одлее“ до Кина.

Авионот „ф-35ц“ во понеделникот се урна непосредно пред да го заврши рутинскиот лет и директно удри во матичниот носач „Карл Винсон“. Пилотот навремено се катапултирал, но авионот вреден 100 милиони долари удрил во носачот и паднал во морето. Повредени биле пилотот и шестмина морнари, а штетата на носачот тежок 100.000 тони е минимална.

– Американската морнарица прави операции за пронаоѓање на остатоците на авионот Ф35Ц кој се сруши – изјави за „Си-ен-ен“, потполковник Николас Линго, портпаролот на седмата флота на морнарицата на САД.

Кинеските поморски и крајбрежни сили патролираат во водите на Јужното Кинеско Море и будно ја следат операцијата на извлекување, која може да трае со месеци.

– Сигурно е дека Кина со подморници и длабински дронови ќе се обиде да го лоцира и темелно да го испита местото на несреќата. Пекинг може да тврди дека мисијата за извлекување е потенцијална еколошка опасност или да оспори употреба на странска воена опрема од своите територијални води – вели Карл Шустер, поранешен директор за операции во Здружениот разузнавачки центар на американската Пацифичка команда на Хаваи.

Тој смета дека е можно Кина да поднесе барање за правата за спасување врз основа на нејзините територијални претензии во Јужното Кинеско Море.

– Спасувањето на авионот со средства за комерцијална и крајбрежна стража ќе му овозможи на Пекинг да тврди дека повлекува потенцијална еколошка опасност или странска воена опрема од нејзините територијални води – вели Шустер кој смета дека американската морнарица најверојатно ќе задржи одредено присуство во областа каде што се верува дека се урнатините на авионот.

Можно е операцијата за негово извлекување може да потрае неколку месеци, во зависност од тоа колку длабоко под Јужното Кинеско Море.

Вмешувањето на Кина во потрагата во остатоците од урнатиот борбен авион, би претставувала политички ризик за Кина, која сигурно не би седела мирно.

– Вклучувањето на Пекинг во потрагата по авионот може да ги влоши односите со САД. Не верувам дека дека Пекинг има волја за такво нешто во овој момент, но сепак можеме да очекуваме Кинезите активно да ја следат американската операција за спасување – смета Колин Кох, научен соработник на Школата за меѓународни студии во Сингапур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот