Триумфира на завршниот Мастерс и си фати девојка, Циципас е вљубен до уши во тенисерка

twitter/Tennistonic

Стефанос Циципас е вистинско освежување во тенискиот свет оваа година. Младиот тенисер со триумфот на завршниот Мастерс во Лондон покажа дека тој е легитимен наследник на големата тројка. Циципас на турнирот во Лондон успеа да ги победи и Рафаел Надал и Роже Федерер и во финалето славеше против Доминик Тим, и тоа беше причина медиумите да почнат да се интересираат за неговата приватност.

Британските медиуми открија дека Циципас има девојка и тоа тенисерка. Станува збор за неговата сонародничка Марија Сакари која е три години постара од него.
Сакари моментно се наоѓа на 32. место на ВТА ранг листата и исто како и нејзиното момче, и предвидуваат светла иднина.

Новиот тениски пар се познава од поодамна, уште пред да станат професионални тенисери.
– Мојата и неговата мајка веа тенисерки и тие се познаваат од нивната 15. година. Јас го знам Стефанос уште од дете, но игравме во различни категории. Откако почнавме да играме на исти турнири го запознав уште подобро – вели Марија Сакари која ги обожува Серена Вилијамс, Рафаел Надал и Роже Федерер.

Дека е вљубен до уши потврди и самиот Циципас.
– Ми беше потребно повеќе време. Чувството е волшебно, го отвора умот за нешто ново и посебно за мене. Љубовта прави да ги чувствуваш работите и времето да тече поспоро – искрен е грчкиот тенисер.

Оваа година двојката често го минуваше времето заедно, тие беа уловени од фоторепортерите на гала вечерата на Хофман купот во Австралија на почеток од годината, а потоа и на уште неколку турнири. На Мастерсот во Мајами кога Циципас го победи Леонард Март, тој на камерата напиша „МС95“ што многумина го протолкуваа како „Марија Сакари, родена 1995 година“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот