Триумф на Хамилтон во Мексико, на чекор до нова титула во Ф1

twitter/formula1

Луис Хамилтон на трката за Големата награда на Мексико дојде до 83. победа во кариерата и милиметри го делат од третата титула по ред, а шеста во кариерата. Возачот на Мерцедес можеше уште на трката во Мексико да ја обезбеди титулата доколку неговиот клупски колега, Валтери Ботас завршеше како петти или беше послабопласиран, но Финецот на крајот заврши на третото место.

twitter/formula1

Стратегијата на Мерцедес со едно влегување во боксот и промена на пневматиците и тоа порано од возачот на Ферари, Себастијан Фетел, му се исплатеше. Откако ги смени пневматиците на 47 кругови до крајот, Хамилтон ја чуваше предноста од две секунди во однос на Фетел и без проблеми дојде до триумфот.

Второто место му припадна на Фетел, трет беше Ботас, а по нив следеа Шарл Леклер од Ферари, а потоа и тандемот на Ред Бул, Александер Албон и Макс Ферстапен и Серхио Перез од Рејсинг поинт кој заврши на седмата позиција.  Наредната трка ќе се вози веќе во наредниот викенд во САД, а на Хамилтон му е потребно да освои само седум бодови повеќе од Ботас за да ја освои титулата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот