Триумф на Ѓоковиќ во Токио

twitter.com/atptour

Новак Ѓоковиќ е победник на туртнирот во Токио откако во финалето во два сета и без многу мака го совлада Џон Милман со 6:3,6:2. Ова беше 110. финале во кариерата за Ѓоковиќ на АТП турнир и вкупно 76. титула.

Интересно е што Ѓоковиќ има максимален ефект кога станува збор за победите во финалињата на турнирите во Азија, ова беше негово 11. финале и 11 триумф.


Ѓоковиќ без многу проблеми го надигра австралискиот тенисер, а настапите на турнирот во Токио покажаа дека поведата на рамото е минато за српскиот тенисер. Во првиот сет, на почетотот направи брејк за водство од 3.1 во гемови и предноста рутински ја одржа до крајот за триумф од 6:3. Во вториот сет, Ѓоковиќ беше уште подобар, во првите три гема направи два брејка со кои дојде до водство од 3:0 по што уште тогаш беше познат победникот.

Следен предизвик за Ѓоковиќ е Мастерсот во Шангај кој започнува во понеделник каде ја брани титулата освоена минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот