Триуфми на МЗТ Скопје и Работнички

фото: druga.aba-liga.com

Екипите на МЗТ Скопје и Работнички остварија победи во заостанатите натпревари од првата лига. „Металците “ со 93:87 го совладаа Куманово од заостанатиот натпревар од деветтото коло, додека Работнички го совлада ТФТ со 81:78 во натпревар од седомото коло.

Кошаркарите на МЗТ Скопје до победата над незговиот тим на Куманово дојдоа благодарение на одличната игра во првата четвртина која ја решија во своја корист со 34:21. Предноста од 13 поени се покажа доволна за триумф бидејќи играчите на Куманово единствено што направија беше да доојдат до минус шест во второто полувреме.
Мекиќ со 24 поени беше најзабележителен во победничкиот тим каде се истакаа и Тарнер со 17 и Олуџоби и Крстевски кои дадоа по 16 поени, додека кај Куманово најрасположен за игра беше Робев со 20 поени.

Кошаркарите на Работнички иако во втората четвртина имаа дури 24 поени предност (46:22) на крајот стравуваа за триумфот. Екипата на ТФТ одигра фантастична трета четвртина која ја добија со 32:16 и ја вратија неизвеноста која беше присутна до самиот финиш. Работнички на една и пол минута имаше предност од 79:71 но ТФТ одговори преку тројката на Херис и слободните фрлања на Сапунџиев со кои дојде до 79:76. Но, Работнички одговори преку Младеновски и Питс кои постигнаа три поени од слободни фрлања и ги решија дилемите околу победникот.
Во тимот на Работнички кој дојде до четвртата победа по ред, најдобар беше Бундовиќ со 27 поени, а Младеновски имаше дабл-дабл од 14 поени и дури 18 скокови. Кај ТФТ се истакна Николов со 16 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот