Трите причини поради кои Чави не ја прифати понудата на Барселона

твитер

Поранешниот капитен на каталонците имаше неверојатни барања за управата на клубот.

Веднаш по смената на Ернесто Валверде во јануари, се појавија информации за можното враќање на Чави Ернандез на „Камп Ноу“ како тренер. Иако Чави беше голема желба на управата на Барселона, сепак не дојде до договор, поранешниот капитен остана во Ал-Сад, а на клупата на каталонскиот клуб седна Кике Сетиен.

Конечно по еден месец, се открија причините поради кои Чави не седна на клупата на Барселона, односно каде дојде до застој во преговорите. Според „Мундо Депортиво“ има три причини поради кои Чави не ја прифати понудата.

Првата е таа што Чави сакаше да седне на клупата по завршување на сезоната, но таа опција на Барселона воопшто не и одговараше бидејќи не сакаа да бараат краткотрајно решение.

Втората причина е таа дека Чави сакаше да има комплетна контрола над спортскиот сектор, поточн тој да одлучува за трансферите – кој да дојде или кој фудбалер да си замине и кој може да игра во неговиот систем. И ова барање беше неприфатливо за челниците .

Последниот услов на Чави беше Карлес Пујол да ја преземе функцијата спортски директор од сегашниот Ерик Абидал.

По тридневни преговори во Доха, управата на Барселона се откажа од идејата да го ангажира Чави и наместо него на клупата го постави Кике Сетиен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот