Трите најпопуларни плажи на Тасос се затворени за туристи

Фото: Принтскрин / Instagram

Високите температури во Грција ги принудија властите да воведат мерки за заштита на населението и туристите. На популарниот остров Тасос е забранет пристапот до одредени плажи поради екстремните горештини и ризикот од пожар, јавуваат локалните медиуми.


Плажите кои одреден период ќе бидат забранети да се посетуваат се Порто Вати, Мермерната плажа и Рајската плажа. Овие плажи се едни од најпосетуваните од страна на туристите и омилени кај инфлуенсерите бидејќи нивната рајска убавина е совршена за креирање на неодоливи летни фотографии.


Освен по плажите, ограничен е сообраќајот и на одредени шумски патишта, а се препорачува да не се оди во селата во внатрешноста на островот, како Теологос, Казавити, Кастро, Мариес.

Поради сушата и силните ветрови, ризикот од пожар е многу голем, особено во јужна Грција. Оваа состојба ќе трае неколку дена, предупреди грчкото биро за метеорологија, а пренесува Новости.рс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот