„Трите круни“ во Скопје, на ред се контролите со Шведска

cev.eu

Откако одиграа два пријателски натпревари со Романија во Крајова, македонските одбојкари тренираа во салата „Кале“, каде што денеска и в недела од 17.30 часот ќе се тестираат против Шведска.

Што се однесува до здравствениот билтен, Васе Михаилов има стомачен вирус и во четвртокот не тренираше, а Марко Јуниор Стошиќ и натаму ја санира повредата на стомачниот мускул.

Во пресрет на продолжениот викенд во којшто со Швеѓаните имаме закажано заеднички тренинг в сабота, работат 14 одбојкари. Селекторот ќе има уште две средби за да реши кои играчи ќе го носат дресот на Европското првенство во септември.

Најпрво на 30 август овој месец со Украина во полуфиналето на турнирот „Чајка“, а ден потоа со Белгија или со Бугарија во зависност од резултатот од нивнот полуфинален дуел. На 5 и 6 септември ќе бидеме гости на Австрија во пријателските средби во Сент Полтен, а веќе на 12 септември ќе дебитираме на европските шампионати. Прв противник во Љубљана ќе ни биде Финска, а ќе играме и со Турција, Русија, Белорусија и Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот