ТРИСОМИ ТЕСТ (TRISOMY TEST) – за мирна бременост

Оние кои го направиле тестот имаат можност да уживаат во мирна бременост, затоа што ништо не е поважно од здравјето на детето, вели Васе Калајџиска – магистер по биолошки науки, раководител на специјалистичко-дијагностичката лабораторија „Дијагностика Фармахем“.

Што е ТРИСОМИ тест?

– Накратко, ТРИСОМИ тест (TRISOMY test) е неинвазивен скрининг тест со висока прецизност, кој ја користи крвта на мајката за да се исклучи присуството на хромозомски абнормалности кај бебето уште во почетокот на 11-та недела од бременоста. Имено, феталната ДНК почнува да циркулира во крвта на мајката од почетокот на првиот триместар од бременоста. Со едноставно земање примерок на крв од мајката, се изолира ДНК од фетусот, се анализира и се открива евентуално присуство на три идентични хромозоми или трисомија.

Што всушност детектира ТРИСОМИ тестот?

– По фертилизацијата на јајце-клетката може да настанат одредени абнормалности во раната фаза од клеточната делба. Како последица, може да се појави екстра копија на еден од хромозомите. Присуството на три хромозоми наместо два се нарекува трисомија. ТРИСОМИ тест ги детектира најчестите: трисомија 21 (Даунов синдром), трисомија 18 (Едвардс синдром) и трисомија 13 (Патау синдром). Исто така, постои можност и за детекција на абнормалности на половите хромозоми (Тарнеров синдром, Клинефелтеров синдром, XYY синдром, XXX синдром) како и одредени микроделеции. Доколку идните родители сакаат да го дознаат полот на бебето, ТРИСОМИ тестот ја дава и таа можност.

За кого е наменет тестот?

– ТРИСОМИ тестот особено се препорачува за бремени жени на возраст над 35 години, при забременување со ИВФ (IVF), кај ултразвучен или биохемиски скрининг, кои укажуваат на зголемен ризик од трисомија 21, 18 или 13, кај пациентки кои веќе имаат дијагностицирано одредени хромозомски абнормалности во претходна бременост, при повторливи спонтани абортуси, кај пациенти со зголемен ризик од амниоцентеза и слично. Но, ТРИСОМИ тестот е погоден и за секоја бремена жена која нема ниеден од претходно наведените ризици, но сака да има мирна и спокојна бременост.

Дали постојат одредени ризици и ограничувања при изведување на ТРИСОМИ тестот?

– Апсолутно не постои никаков ризик ниту за мајката, ниту за фетусот. Сè што е потребно за изведување на тестот е мала количина на крв од мајката. Единственото ограничување е што тестот не се препорачува да се прави пред 11-та недела од бременоста, од едноставна причина што во порана бременост не може да се изолира доволна количина на фетална ДНК за да се изврши прецизно тестирање.

За колку време се добиваат резултатите од тестот?

– Најчесто за 7-10 работни дена.

Какво е искуството од соработката со пациентите кои веќе го направиле тестот?

– Сите идни родители имаат безброј прашања во врска со здравјето на бебето уште пред раѓањето. Оние кои го направиле тестот имаат можност да уживаат во мирна бременост, затоа што ништо не е поважно од здравјето на детето. Чувството кога на идните родители ќе им соопштите дека ќе имаат здраво бебе е непроценливо!

„ДИЈАГНОСТИКА ФАРМАХЕМ“ е секогаш тука за вас: Специјален попуст од 10% на ТРИСОМИ тест (TRISOMY test) во 2020 година со клучните зборови „30 години Фармахем“ за сите читатели на дневниот весник „Слободен печат“.

„ДИЈАГНОСТИКА ФАРМАХЕМ“ – специјалистичка биохемиска лабораторија:

ул. Борис Сарафов бр.2/3
нас. Ѓорче Петров
тел. 02/ 20 31 905

бул. Јане Сандански бр.65
нас. Аеродром
тел..02/2 40 33 53

(комерцијален текст)

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот