Трипуновски: Третиот пакет мерки во земјоделството се чиста измама

Мерката зелена нафта е уште една манипулација на Заев и Владата, вели заменик министерот за земјоделие, Цветан Трипуновски.

По најавите дека во 2020 година ќе ги намали трошоците за гориво на земјоделците, Зоран Заев и Владата со владина уредба шверцерски скратија 100 милиони денари од оваа мерка, обвини дополнителниот заменик министер за земјоделство, Цветан Трипуновски.

Според него станува збор за уште една манипулација со која средства наменети за зелена нафта се префрлени на стафка на неисплатени субвенции од претходните години.

– Со овој потег првин ги излажаа земјоделците дека ќе им дадат поддршка при купување на нафта во висина од 50% од потребната количина, а воедно и признаваат дека дефицитот во буџетот за земјоделие е огромен, а долговите кон земјоделците милионски, вели Трипуновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот