Трипуновски: Се обврзуваме во првите 100 дена да направиме корекција на Законот за тутун

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство Цветан Трипуновски денеска имал средби со жители и пазарџии во општина Кривогаштани на кои, како што соопшти, му се пожалиле на „погубните политики на СДСМ изминативе три години”. Во соопштение тој наведува дека земјоделци и сточари со кои разговарал се жалеле поради неисплатени субвенции за земјоделски култури, за предадено млеко, за откуп на тутун.

– Она што јас во разговорот се обврзав како дел од идната влада предводена од проф. д-р Христијан Мицкоски дека се обврзуваме во првите 100 дена да направиме корекција на закон за тутун се со цел да го заштитиме домашното производство и нормално сите овие заостанати обврски коишто не се исплатени, а требаше да ги исплати владата на СДСМ во наредниот период ќе бидат приоритет за да стигнат до крајниот корисник односно секој земјоделец, наведе Трипуновски.

Прочитајте и...  Путин: Русија ја одобри првата вакцина против коронавирусот во светот, една од моите ќерки ја прими

Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ се обврзуваат и им ветуваат на сите земјоделци, како што вели, дека субвенциите што ги вовеле ќе продолжат да ги исплаќаат, односно 160 милиони евра  годишно ќе се исплаќаат навремено до секоја целна група се со цел да се компензираат одредени губитоци и трошоци кои што ги имаат во производството.

-Исто така ветуваме и се обврзуваме дека ќе инвестираме околу 80 милиони евра во делот на водостопанството односно 20 милиони евра на годишно ниво се со цел да стопираме одредени негативни тенденции во земјоделското производство затоа што  без систем за наводнување, без вода по полињата не може да зборуваме за рентабилно производство. Едноставно да сумирам – она што го ветуваме дека сите оние програми односно проекти во програмата се реални кои ќе ги спроведеме на терен се со цел да нашата најсилна гранка во економијата, тоа е земјоделството, да биде поддржано да можеме да се развиваме да имаме силни села, да имаме стабилни земјоделци, едноставно во нас ќе гледаат партнери, наведува Трипуновски.

Прочитајте и...  Мицкоски: За да не поскапи струјата треба да се намали маржата на универзалниот снабдувач

Во однос на откупот на пченицата, за што бил прашан на средбите во Кривогаштани, тој  вели дека се уште нема дефинирано цена и ја користи оваа можност да го повика министерот  Трајан Димовски и владата на СДСМ да ја дефинираат цената.

-Затоа што е недозволиво да земјоделците ја предаваат пченицата без да знаат по која цена ќе биде платена. Тоа нас ни е стратешка култура, тука треба да има сериозен фокус. Меѓутоа она што изминативе три години бевме сведоци е тотална незаинтересираност во делот на аграрната политика и гледаме дека се одразува и оваа година со откупот на пченицата. Ние ветуваме дека по промената на власта и во овој сегмент ќе интервенираме сериозно за да имаме рентабилна цена на пченицата како наша стратешка култура, додаде Трипуновски.

Прочитајте и...  Шарчевиќ: Нема да има кабинетска настава во Србија, учениците со маски и ќе има повеќе модели за избор во училиштата

Прочитај повеќе

Бајден ја избра Камала Харис за потпретседателски кандидат

Слободен печат

Шведско-норвешка двојка се венчаше на граница поради пандемијата

Слободен печат

Запленети над 100 тони кокаин во Холандија: Полицијата откри нарколабораторија во штала (ВИДЕО)

Слободен печат

Германија се сомнева во квалитетот и безбедноста на руската вакцина

Слободен печат

По судска наредба објавена уште една снимка од Џорџ Флојд: Ново шокантно видео од неговите последни моменти (ВИДЕО)

Слободен печат

Осуда од САД за „безумните” насилствата извршени од власта во Белорусија

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Помпео: Авторитаризмот сѐ уште живее во Русија, Кина и Иран

Слободен печат

Мексико: Почнува трета фаза испитување вакцини од САД и Кина

Слободен печат

ЕУ одбива да ги набљудува изборите во Венецуела и бара одложување

Слободен печат

Граѓаните се судрија со полицијата: Жестоки пресметки со полициските кордони во Брест и Минск (ВИДЕО)

Слободен печат

Несреќа во Мексико: Се преврте автобус, загинаа 13 лица (ВИДЕО)

Слободен печат

Франција покрена истрага за ТикТок

Слободен печат