Трипуновски на средби со земјоделци во Штипско

Тој им ветил земјоделците од ова населено место дека доаѓаат подобри времиња за земјоделците во  Република Македонија и за ова населено место.

Дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска се сретна со земјоделците во штипско. Тој во населеното место Чардаклија се сретна со сточарите и разговорал за актуелните проблеми во последните 3 години:

-Дојдовме во посета на фармата на фармерот Трајче каде што навистина морам да потенцирам дека затекнавме страшна слика односно тоа е фармер кој пред извесно време имал 50 крави , а денес заради несериозниот однос на власта има едвај 10 крави односно стадото го има продадено. Она што сакам да го потенцирам и да го пренесам тоа што земјоделците ми го кажаа дека во изминатите 3 години буквално се заборавени од централната власт затоа што нема ниту инвестиции во делот на водоснабдувањето ниту има сериозен однос во исплата на субвенциите за сточарското производсто, за преработка и продадено малеко. Едноставно се оставени сами на себе да се снаоѓаат во овој период. за мене премногу жалосно е што фармери ширум Македонија да згаснуваат во државата затоа што моменталната власт на Зоран Заев освен криминал и корупција и користење државата за проивилегии земјоделците ги остава на страна, изјави Трипуновски.

Тој им ветил земјоделците од ова населено место дека доаѓаат подобри времиња за земјоделците во  Република Македонија и за ова населено место.

-Една од работите кои ги ветивме е поврзување на населеното место Чардаклија со системот за снабдување со техничака вода тоа е нужна потреба за ова населено место и тоа ќе го исполниме после 15 јули односно со формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и проф. Д-р Христијан Мицкоски како иден премиер. Ветивме сериозен пристап кон сите категории земјоделци затоа што оние 1000 проекти кои ги имаме во програмата која ја нудиме во овој предизборен период ќе значат навистина подобрување на животот во селските средини. нашата програма и тоа што го предвидивем накратко едно од носечките столбови ќе биде инвестиции во водостопанството. затоа што не можеме за рентабилно производство неможеме да збориме за земјодеско производство ако полињата ни останат суви. знаеме дека изминативе 3 години една шајка не е закована а системите за снабдување речните корита, акумулациите нема никаква инвестиција. Наш фокус ќе биде во делот на водостопанството инвестици во тој дел меѓутоа и со сериозна и навремена исплата на субвенциите кои ги имаме зацртани како шума од 160 мил евра на годишно ниво, изјави Трипуновски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот