Трипуновски ја повика Владата да помогне во пласманот на зелката

Во услови на недостиг на храна она што се произведува не смее да остане да скапува на нивите, порача дополнителниот заменик – министер за земјоделство шумарство и водостопанство.

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски денеска на својот фејсбук профил напиша дека сега Владата, треба да даде конкретни решенија и со сите свои капацитети и меѓународни контакти да се стави во функција за изнаоѓање пласман на зелката.

– Во Струмичко имаме алармантна ситуација со пролетната зелка, која се откупува по цена на граница на рентабилност и во мали количини, а со сегашната динамика голема е веројатноста дека ќе остане на нивите. Владата треба да се заангажира и да им помогне на земјоделците да се овозможи извоз, напиша Трипуновски.

Според него, она што е произведено не смее да остане на нивите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот