Министерот Цветан Трипуновски во Германија / фото: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство / Фејсбук

Трипуновски го претстави македонското вино во Германија, вели дека има јасна визија за производство на висококвалитетно флаширано вино

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, вечерва имаше можност да го претстави македонското вино на настан што го организираше Државното претставништво на Северна Рајна Вестфалија во Берлин и Македонската амбасада во Германија.

-За нас, како мала земја, македонската винска индустрија е од особена важност бидејќи покажува позитивен потенцијал, позиционирајќи се себеси како втор најголем извозник во земјоделскиот сектор, истакна министерот Трипуновски на настанот.

-Главната стратешка цел во политиките за лозарство и винарство е да се фокусира производството на локални сорти како Вранец, Станушина, Кратошија, Темјаника, Смедеревка и висококвалитетно грозје, додаде тој.

Посочи дека климата во Македонија обезбедува идеални услови за да се истакнат најдобрите карактеристики на грозјето, а преку производствени практики воспоставени со Законот за вино, кој е усогласен со европското законодавство, се унапредува вековната традиција на лозарство и винарство.

-Вкупната површина на лозови насади е 23.000 хектари, од кои 21% се во сопственост на индивидуални производители на грозје, а 79% се на винарии. Иако значителен процент им припаѓа на малите семејни винарии со капацитет до 50.000 хектолитри, појасни министерот Трипуновски.

-Користејќи ги националните и европските фондови за финансиска поддршка, винариите сè повеќе инвестираат во надградба на опрема, реконструкција на плантажи, винарии, како и во инвестирање во човечки потенцијал, со јасна визија за производство на висококвалитетно флаширано вино, истакна тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот