Трипуновски: Дел од платата ја донирав за вработените во шумската полиција и подрачните единици на МЗШВ

Со денешнава изјава сакам да ве информирам дека дел од моите средства како месечен надомест во вид на плата ги донирав за колегите во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Поточно на дел од вработените во шумската полиција односно на целата шумска полиција и на подрачните единици на министерство за земјоделство. Практично овие два сегменти се најистурените одделенија на министерството кое што секојдневно имаат комуникација со странки односно земјоделци и работа на терен, изјави Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Со оглед дека во изминативе неколку месеци имаат многу малку речиси неминовно добиено средство за заштита одлучив на своите колеги да ги донирам. Ова што денеска го направив не го правам за некоја лична промоција и некој маркетинг. Ова го правам за да бидам можеби пример за останатите во државата каде што дел од средствата ќе ги донирам и ќе ја подигнеме општествената свест и да си помогнеме во овие тешки времиња кога можеби е најтешко во Република Македонија, практично и во светот.

Како ги коментирате вработувањата во Агенцијата во ек на пандемија, 29 вработувања сега државата кога е во вонредна состојба и владее пандемија?

– За тие вработувања се информирав утрово, видов дека Агенцијата за храна и ветеринарство има распишано оглас преку Агенцијата за вработувања. Ова е едно класично лицемерие кој што се случува во моментов на Зоран Заев и Оливер Спасовски. Од една страна кога Зоран Заев и министерката за финансии Нина Ангеловска најавуваат кратење на плати на јавната администрација, од друга страна се врши класичен поткуп, предизборен поткуп, со вработувања и се вработуваат во државната администрација. Од една страна кога постојано кажуваат дека имаме масовна администрација од друга страна вработуваат. Мислам дека ова лицемерие каде што приоритет се вработувањата и поткуп од набавката на бадеми, лешници и други апетисани за функционерите во владата, од друга страна имаме тешка ситуација во економијата во Република Македонија каде што имаме најавување на кратење на платите, имаме отпуштање на луѓе од работа значи тешка економска ситуација каде што лекарите во време на пандемија со сопствени средства си купуваат заштитна опрема и средства се со цел да ги заштитат пациентите и нивните најблиски, ние гледаме дека владата вработува и врши еден класичен поткуп во овој предизборен период. Мислам дека е за секаква осуда и тоа граѓаните најдобро ќе го кажат на наредните престојни парламентарни избори – вели Трипуновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот