ТРИПОЛИ ПРЕД КАТАСТРОФА: Вооружена група го прекина водоснабдувањето, 2,5 милиони жители останаа без вода – Слободен печат
ВестиПланета

ТРИПОЛИ ПРЕД КАТАСТРОФА: Вооружена група го прекина водоснабдувањето, 2,5 милиони жители останаа без вода

Според Светската организација, блокадата на водата може да биде воено злосторство.

Вооружена група го прекина водоснабдувањето на опколениот либиски главен град Триполи, во кој живеат 2,5 милиони жители, соопштија Обединетите нации.

Според Светската организација, блокадата на водата може да биде воено злосторство.

Владата ги обвини силите лојални на Калифа Хафтар, кои се обидуваат да го заземат Триполи.

Групата во неделата изврши напад врз главната постројка на мрежата која снабдува со вода.

Портпаролот на ОН, Стефан Дјожарик рече дека светската организација е длабоко загрижена поради прекинот на снабдувањето со вода.

ОН соопштија дека вооружените мажи ја нападнале главната водоводна станица во Триполи и го сопреле водоводот кој снабдувал вода во главниот град и во градовите на северозапад,  опфаќајќи околу два милиона луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close