„Триоги рејсинг“ со медали од натпреварите во Србија и Бугарија

Со вкупно шест медали, од кои четири златни, триатлон-клубот „Триоги рејсинг“ од Скопје се врати деновиве од две меѓународни натпреварувања.

Станува збор за Отвореното првенство на Сремска Митровица, Србија, и „Триекстрим куп“ што се одржа во Пловдив, Бугарија.

16-годишниот јуниор Димовски беше најдобар во својата категорија, а го освои и третото место во апсолутна категорија, што претставува посебно достигнување за еден помлад пионер. Бобан Јаневски (10) и Марио Брезовски (8) освоија златни медали во своите категории.

По кратките подготовки во Србија, тимот на „Триоги рејсинг“ замина во Пловдив, каде што младите триатлонци учествуваа на „Триекстрим купот“. Јуниорката Бојана Ѓорѓиевска стана апсолутен шампион во женска конкуренција во спринт дистанца, а кадетката Магдалена Станковска и Бобан Јаневски (во категорија „Надеж“) освоија бронзени медали во своите категории.

 

Во новата сезона „Триоги рејсинг“, кој постои три години и работи со 70 деца, млади и возрасни, се подготвува за нови меѓународни натпревари и за прием на нови членови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот