„Тринити Стрингс“- женски бенд единствен во нивниот инструментариум: Три музички и визуелни магионичарки

тринити
Фото: Приватна архива

Публиката сака атракција, а Ирена, Александра и Марта се синоним за атрактивност и квалитет на сцената, додека комбинацијата на електронска или дип хаус музика и класични инструменти е единствена можеби и надвор од нашата држава.

Атрактивните виолинистики Ирена Стојановска и Александра Мирсинова и виолончелистаката и вокал Марта Куч, трите вработени во Македонска Опера и Балет и членки на гудачкото трио „Тринити Стрингс“, неодамна ја објавија нивната трета песна насловена „Да или не“.

Трите згодни и суперталентирани девојки велат дека со текот на годините научиле што ѝ се допаѓа на публиката, а тоа е атракцијата. Се трудат да бидат што поинтересни, и во изборот на музика и со нивната појава. Надвор од сцената пак, жонглират меѓу семејството, вежбањето, студиото, состаноците и телефонските разговори.

тринити
Фото: Приватна архива

Што е најкарактеристино за вас како музичарки, во што сте единствени?

– Па, тоа е повеќе од очигледно. Единствени сме во нашиот инструментариум, иако и женски бендови се ретки во нашата земја, додека комбинацијата на електронска или дип хаус (deep house) музика и класични инструменти е апсолутно единствена можеби и надвор од нашата држава.

тринити
Фото: Приватна архива

Неодамна ја промовиравте вашата трета авторска песна „Да или не“ и видео записот за неа, како засега поминува во јавноста?

– Сè уште е рано да се каже како поминува иако до сега имаме најмногу позитивни критики и телефоните не престануваат да ни звонат. Речиси цел остаток од летото го букиравме во рок од една седмица, само уште да видиме дали ќе се стабилизира ситуацијата со пандемијата. Ова ни се случи и во март 2020 година и, за жал, не успеавме да реализираме повеќе од четириесет настани во нашата држава, но и во Италија, Швајцарија и Шпанија.

тринити
Фото: Приватна архива

Колку визуелното на сцената, вклучувајќи го и изгледот, придонесува за популарност?

– За среќа, или за жал, многу. Сепак, квалитетот е тој што издржува долго на сцената.

тринити
Фото: Приватна архива

Кои се вашите следни планови?

– Веќе работиме на новата песна која се надеваме дека ќе излезе до октомври со видео запис. Би требало да биде изненадување и ќе биде прва од еден поголем концертен проект кој се надеваме дека никој нема да го остави рамнодушен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот