Тринаесетгодишен малолетник извршил 13 тешки кражби во Струмица, Радовиш и Кочани

СВР Струмица – Отсекот за општ криминалитет до Основно јавно обвинителство во Струмица ќе поднесе соодветен поднесок против 13-годишен малолетник од Струмица, поради основано сомнение дека извршил 13 кривични дела тешки кражби, кражби, разбојништва и одземање на моторни возила и велосипеди, извршени во Струмица, Радовиш и во Кочани.

Малолетникот кривичните дела, за кои се обезбедени и материјални докази, ги направил во последните два месеца на територијата на Струмица и населените места во струмичко, во Радовиш и во Кочани.

Тој бил повикан во полициска станица и со него е извршен службен разговор, а по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното Јавно обвинителство.

Прочитајте и...  Во пакет наменет за затвореник пронајдена дрога

Поврзани вести

Поранешниот градоначалник на Чашка обвинет за злоупотреба на службената положба

Слободен печат

ФОТО: Претреси во Сингелиќ, пронајдени се пиштоли и куршуми

Слободен печат

ФОТО: Пронајдено големо количество на дрога во Гевгелија, четири лица се приведени

Слободен печат

Уапсено лице што избегало од затворот во Прилеп

Слободен печат

Охриѓанец крадел накит и вредни работи од куќи во Охрид

Слободен печат

Сообраќајка на патот Тетово-Гостивар, две лица пренесени во болница

Слободен печат

Остави Коментар