Тринаесет луѓе повредени во сообраќајка на патот Струмица-Валандово

Полиција / Фото: МВР

Во директен судир на две патнички возила со струмички регистарски ознаки, попладнево се повредени 13 луѓе. Сообраќајката се случила попладнето во 16:20 часот на патот Струмица-Валандово, на превојот Валандовски Рид.

Портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, информира дека имало повеќе повредени лица кои се пренесени на лекување во болницата во Струмица. Таа за утре најави повеќе детали за сообраќајката.

Според информациите од директорката на струмичката болница, Катерина Кузмановска, едно дете на шестгодишна возраст и една жена се со потешки повреди и се пренесени на понатамошно лекување во Клиничкиот центар во Скопје, додека останатите се со полесни повреди и се на лекување во Струмица.

Во извлекувањето на повредените учествувало и противпожарно возило, а екипа на полицијата извршила увид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот