Трикратно поголемо ниво, но засега нема излевање: Вардар кај Велес „нарасна“ 150 сантиметри

Интензивните и непрекинати врнежи од дожд во изминатите неколку дена го зголемија нивото на реката Вардар во Велес за повеќе од трипати.

– Ако на 1 јануари нивото беше 45 сантиметри, на 7 јануари беше 90, вчера достигна 110 сантиметри, додека денеска на мерното место во Велес кај Стар мост нивото изнесува 150 сантиметри, информираат од УХМР. Оттаму потенцираат дека ова ниво е далеку над просекот за јануари, кој изнесува 82 сантиметри.

Покрај високото ниво денеска нема излевање на Вардар во Велес. Во Градскиот парк се поплавени првите дрвја до брегот. Среде Вардар, кај Градскиот парк, имаше заглавено и големи трупци од дрвја.

Поради надојдените води по Вардар низ центарот на Велес пловеа стотици пластични шишиња, собрани од надојдените води на реката од бреговите долж реката.

Од УХМР попладнево соопштија дека и денешните непрекинати врнежи придонеле за зголемување на нивото на водата во реките, особено на река Вардар во горниот тек и нејзините притоки. Оттаму посочуваат дека е високо и нивото на реката Бабуна кај Богомила и далеку над просекот, но засега нема излевање. Високо е нивото и на реката Тополка во реонот на велешко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот