Триковите на Мерилин Монро за изгледот на нејзината „свилена“ кожа! - Слободен печат

Триковите на Мерилин Монро за изгледот на нејзината „свилена“ кожа!

Актерката Мерилин Монро е една од најпрепознатливите русокоси на сите времиња, имала тајни поради кои секогаш изгледала безпрекорно и трикови со кои постигнувала нејзината кожа секогаш да биде мазна и сјајна, на што многу други жени и завидувале.

Иако многу од нив биле убедени дека користи скапи креми и препарати, нејзината тајна се криела во најобичниот вазелин. Тоа го открила 86-годишната актерка Рене Тејлор во интервју по повод прославата 50 години Театарски и филмски институт Ли Стразберг.

„Дојде еден ден на предавање во друштвото Ли Стразберг и едноставно морав да ја прашам што направила за да изгледа толку добро. Тогаш ми рече дека цело тело го мачка со вазелин после што 3 часа поминува во топла купка и така секое утро. Тоа на нејзината кожа ѝ даваше посебен сјај“, изјавила Рене.

Рене го послушала советот кој Мерилин и го дала и се обидела со истото, но не успеала и покрај тоа што многу посакувала да има кожа како неа.

Profimedia

„Се обидов и јас. За малку ќе се удавев“, изјавила Рене.

Приказната за една од бројните тајни за убавина на оваа дива, откриена е откако се случило да во еден од моментите кои засекогаш ќе се паметат во историјата, а тоа е моментот кога му пее среќен роденден на тогашниот претседател на САД, Џон Ф. Кенеди, испод фустанот не носела буквално ништо.

Така барем пишува во книгата „Life Isn’t Everything: Mike Nichols“ која содржи сеќавања од 150 најблиски пријатели на покојниот филмски режисер. Авторка на една од приказните е колумнистката на Њујорк Тајмс, Маурен Дoв, а која опишала до тогаш непознати детали.

Profimedia

„Мајк беше таму таа вечер, кога Мерилин ја пееше роденденската песна на Џон Кенеди во прочуениот фустан преполн со светликави каменчиња. Ми рече: Стоев веднаш позади Мерилин и беше потполно проѕирна. Видов дека под неа не носи ништо“, напишала Маурен.

Беше тоа само еден од моментите на оваа вечна секс-бомба која и 57 години после својата смрт има статус на вистинска икона.

Прочитај повеќе

Бурниот живот на Вознијацки: Се сликаше гола за магазин, а Роналдо ја „ќари“ со скап автомобил (ФОТО)

Слободен печат

Диетите се „аут“, за витка линија ви треба ОВОЈ КОНЦЕПТ!

Слободен печат

Славниот готвач ја оставил 30 години помладата љубовница, а таа сега му покажала што пропушта

Слободен печат

Девет женски особини кои мажите ги обожаваат!

Слободен печат

Најмладиот член на Менса има 3 години и IQ 142! (ФОТО)

Слободен печат

Наташа Беквалац итно хоспитализирана: На познатата пејачка ѝ се слошило!

Слободен печат

Остави Коментар

6 + 12 =

Прочитај повеќе

Како црногорската принцеза станала кралица на Италија: Љубовниот живот на Јелена Савојска (ФОТО)

Слободен печат

Погледнете како денес изгледа евровизиската победничка Кончита! (ФОТО)

Слободен печат

Левата рака на Мирка „тежи“ милион швајцарски франци (ФОТО)

Слободен печат

За дами од 20 до 50 години: Ако сте вака облечени, изгледате феноменално! (ФОТО)

Слободен печат

Расчистете веќе еднаш со сè што не ви одговара и тоа веднаш!

Слободен печат

Домашен путер

Еспресо