Трик на професорот Алан Лајтман за посреќен и помалку гневен живот

Фото: Pexels

Среќата и внатрешниот мир делуваат како недостижни богатства во современиот свет. Алан Лајтман, писател, есеист, физичар и професор на славниот Институт за технологија во Масачусетс – „МИТ“, ја отвара токму таа тема. Тој мудро ги комбинира науката и хуманистичките науки, а има и многу практични совети за посреќен живот.

Во еден од неговите текстови, Лајтман објаснува за многу загрижувачки феномен, но исто така нуди и решение за истиот. Уште од 1970 година, луѓето уништиле над 30 проценти од шумите и морските екосистеми, според извештаите на Светскиот фонд за природа.

Ние се уништуваме и самите преку вмрежениот свет, а ова е понова, поделикатна појава. Губење на бавноста, времето за размислување, приватноста и осаменоста, тишината, можноста да седиме во тишина 15 минути без надворешна стимулација – сето тоа се случи брзо и речиси невидливо. Пред 100 и 50 години телефонот и интернетот не постоеја, а „Гугл“ не постоеше до пред 25 години.

pexels
Создаваме глобална машинерија во која секој од нас е бесмислена, рефлектирачка опрема, која неуморно управува со брзина, бучава и вештачки итен мрежен свет.

Што можеме да направиме? Некако мора да создадеме нова навика на умот, и како индивидуи, и како општество. Потребен ни е став што ја цени и штити тишината, приватноста, осаменоста, бавноста, личната рефлексија… оној што го цени внатрешниот свет на човекот, што овозможува секој од нас да талка без часовник и распоред по сопствениот ум.

Во последните неколку години, бројни организации воведоа периоди на тишина и медитација во основните и средните училишта.

Pixabay

 

За да се развијат нови навики во нашите глави, различни групи треба да користат различни методи. Професорот има неколку препораки што треба да се гледаат како почетни точки, а не како сеопфатни решенија:

Воведете 10-минутен период на тишина за учениците во текот на училишниот ден. Тие можат да ги запишат своите мисли во тетратките, во тишина. Различни училишта имаат различни култури и секое училиште ќе знае како најдобро да ги вметне овие паузи за тишина.

За студентите треба да се организираат интроспективни интензивни курсеви, што ќе ги прави секоја катедра за себе. Секој студент ќе мора да полага еден таков курс секој семестар. Овие курсеви не вклучуваат читање и задачи, но би ги охрабриле студентите во своето слободно време да размислат за она што го учат и тоа да го поврзат со нивните животи и цели.

Profimedia
Profimedia

На работа, треба да се создаде „тивка просторија“ каде вработените можат да дојдат и да медитираат, размислуваат или само да седат во тишина и мир половина час, секој ден. Паметните телефони и компјутерите не се дозволени во таквите простории. Оваа пауза, секако не би била дел од редовната пауза за ручек.

Семејствата треба да поминуваат еден час дневно, најдобро навечер, без телефони, паметни телефони, компјутери и слични алатки.

Поединецот треба да размисли како го поминува секој ден и да се обиде да одвои половина час за себеси, без никакви технолошки алатки, да одвои време за пешачење, читање или одмор во тишина.

Општеството пак, треба да создаде зони без екрани и без каков било сигнал, каде луѓето можат да дојдат и да се релаксираат, пренесува „Zadovoljna.nova.rs“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот