Трик кој веднаш ќе ви покаже дали пиете доволно вода

Американската национална медицинска библиотека откри едноставен тест, врз основа на кој секоја личност може да дознае дали нејзиното тело е хидрирано или не.

Експерти препорачуваат пиење на најмалку шест чаши вода на ден, но многу луѓе не се придржуваат до ова правило.

Како што постепено ни се приближува топлото време, а со него и високите температури, докторите се повеќе обрнуваат внимание на важноста на внесување на течности за нормално функционирање на организмот.

Дефицитот на вода може да има негативно влијание на нашето здравје, правејќи не уморни и слаби, а во некои случаи тоа доведува и до вртоглавици и болки во главата. Исто така, влијае и на еластичност на кожата, што е посебно важно за жените.

За да проверите дали пиете доволно вода, Американската национална медицинска библиотека открива едноставен тест кој открива дали телото е доволно хидрирано.

Се што треба да направите е со помош на палецот да ја повлечете кожата на задната страна на раката. Задржете неколку секунди и пуштете.

Ако кожата веднаш по пуштање се враќа во првобитната положба, тоа е знак дека сте доволно хидрирани. Во спротивно, кожата ви покажува дека треба да го зголемите внесувањето на вода.

Според Американската национална медицинска библиотека, еластичната напнатост на ткивата открива каква е еластичноста на кожата, како и способноста да се менува обликот и да се враќа во нормална состојба.

Кожата со нормална напнатост е способна во истиот момент да го менува обликот, додека на кожата со слаба напнатост и е потребно време да се врати во нормална состојба.

Покрај овој тест, уште еден показател за хидрираност може да биде и бојата на вашата урина.

Ако таа е провидна и без миризби, вашето внесување на вода е на задоволувачко ниво. Но, ако е темножолта или има јака миризба, тогаш потребно е што побргу да почнете да пиете повеќе вода во текот на денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот