Лесен трик: Како го изладите виното за седум минути?

Instagram
Фото: Instagram

Доколку очекувате гости, а притоа сте заборавиле да го изладите виното, имаме супер трик кој ќе го реши вашиот проблем за само седум минути. Можете да го користите во секоја друга прилика и за секое вино.

Се што ви потребно е кујнска крпа.

Потопете ја крпата убаво во вода, и не ја истиснувајте водата од неа. Постелете ја крпата и завиткајте го целото виното со неа.

Ставете го шишето вино  завиткано во крпа во замрзнувач седум минути.

По седум минути вашето вино е разладено и подготвено за сервирање, пишува Business Insider, кој го спроведе овој експеримент.

Можете овој трик да го направите и со хартиени крпи, но влажната платнена крпа се покажала како поефикасна.

Видео на денот