Триглав Осигурување ја помага мак-кошарката: Спонзор на младинските лиги

Кошаркарската федерација на Македонија и Триглав Осигурување потпишаа едногодишен договор со кој одигурителната компанија стана главен помагател на младинската кошарка.

Со договорот Триглав Осигурување ќе ги покрие котизациите на сите младински екипи во Македонија, во сите возрасни категории во машка и женска конкуренција. Новиот договор е од стратешко значење за македонската кошарка, поради својата цел да ги развива идните квалитетни првотимци и репрезентативци во кошарката, така и поради својата улога во втемелувањето на вистинските вредности и навики, како и градењето на спортскиот и тимскиот дух кај младите.

– Мило ми е што се гледаме овде за една работа што е само дополнување на она што Триглав Осигурување како општествено одговорна компанија го прави за спортот. Мене како поранешен кошаркар ми е голема чест што го обновуваме договорот за поддршка на развојот на кошаркарскиот спорт. Триглав како компанија и јас лично како човек кој ја води компанијата, сакаме да дадеме дополнителен импулс за развојот на кошарката во Македонија на едни подолги патеки. Затоа, спонзорството е фокусирано на поддршка на младите категории,  па влегуваме како партнери во сите младински лиги, кои ќе бидат под покровителство на Триглав Осигурување. Сметаме дека тоа ќе биде дополнителен импулс при овие олеснети услови да имаме што поголем број на деца што ќе тренираат кошарка и ќе се развиваат во здрави личности. Од моја страна и од страна на компанијата им посакуваме на челниците на КФСМ успех во овој проект, како и во претстојните квалификации, бидејќи сите заедно сакаме да го вратиме кошаркарскиот спорт онаму каде што припаѓа = рече Ѓорѓе Војновиќ, прв човек на „Триглав Осигурување“.

Своето задоволство од продолжувањето на соработката не го креше ниту претседателот на КФСМ, Перо Антиќ.
– Триглав е сериозна компанија, за нас е голема чест да имаме ваков партнер во работата. Уште поголемо е задоволството бидејќи договорот е со Војновиќ, човек што е мој кошаркарски ментор и кој ми помогна да стигнам онаму каде што стигнав во кариерата – изјави Антиќ.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот