Трифуновиќ: Кризата со Ковид-19 за Вучиќ е иста како што беше бомбардирањето за Милошевиќ

Фото: МИА

На овие настани реагираа и од други опозициски партии и здруженија, како Движењето на обединетите фантоми, движење, Обединетата демократска Србија, синдикатаот Слога и лидерот на Движењето на слободни граѓани, Сергеј Трифуновиќ, кој овој настан го означи како „чист терор”.

Додека српскиот претседател Александар Вучиќ за денес закажа средба со партиите за одредување датум за изборите во јуни, по укинувањето на вонредната состојба на Ѓурѓовден, политичката борба предизвикана од протестите преку „бучава со тенџериња” и контрапротестите со „факели и силна музика” се заострува.

Синоќа лидерот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, објави на социјалните мрежи дека приврзаниците на власта десет минути од звучник на тераса во неговотот соседство од разглас силно пуштале скандирања-„Ѓиласе крадецу” што ги вознемирило неговите деца, кои „плачеле и се треселе од страв”.

Денес со писмена рекација се јави лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, кој изјави дека после сето она што се случи синоќа, изборите треба итно да се одложат и прво да се постави прашањето како мирно да се избегне сценариото на граѓанското војна кое СНС го започна во последните неколку дена со упаѓањето по зградите на граѓаните и со директен обрачун со децата на еден од опозициските лидери.

– Итното продолжување на лажниот изборен процес што го планира владата по укинувањето на неуставната вонредна состојба оваа недела е апсолутно е неприфатливо од здравствени и демократски причини – оцени Обрадовиќ.

Реагираа и од опозициската колација Сојуз за Србија (СзС) со соопштение дека заплашувањето на семејството на еден од лидерите на таа коалиција, Драган Ѓилас, покажува дека властите „раскрстиле со цивилизирана политичка компетенција и со здравиот разум” и дека влегла во својата најтемна фаза.

Во соопштението од СЗС потсетија дека веќе предупредиле на можни судири во општеството заради сегашните политички поделби и повтори дека нападнатите „ќе ги брани на улиците и на секое место”.

На овие настани реагираа и од други опозициски партии и здруженија, како Движењето на обединетите фантоми, движење, Обединетата демократска Србија, синдикатаот Слога и лидерот на Движењето на слободни граѓани, Сергеј Трифуновиќ, кој овој настан го означи како „чист терор”, за што го обвини претседателот Александар Вучиќ и неговата Српска напредна странка (СНС).

– Епидемијата на коронавирус за Вучиќ е иста како и бомбардирањето за Слободан Милошевиќ – изјави Трифуновиќ.

Тој порача дека единствениот начин да се реагира- е со сила.

– Со сила се застанува на тој пат. Како станарите од Мика Алас, од Ниш, кои ги исфрлија хулиганите од нивните покриви. Јас не знам дека некој ги запрел тенковите со цвеќиња – кажа Трифуновиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот