Трифун Костовски не се плаши од кривичната пријава

Бизнисменот Трифун Костовски, еден од поранешните одговорни лица на Еуростандард банка, преку соопштение до јавноста тврди дека стечајот врз банката е злостор и дека не се плаши од кривичната пријава.

Народна банка поднесе кривична пријава против лицата одговорни за стечајот на Еуростандард банка

„Денес 17 октомври, јас еден од акционерите на Еуростандард Банка добив известување преку медиумите дека се покренати кривични пријави од Народна Банка против високи структури на Еуростандард Банка кои директно учествувале во носење на банката во стечај. Одговорно изјавувам дека сум задоволен што после двомесечен молк отпочнуваат активности околу вистинските причини за носењето на банката во стечај. Го поздравувавм овој чин.Не се плашам, останува на мојот пат на вистината. Стечајот на Еуростандард Банка е злостор од криминогени структури, а тоа имам намера и да го докажам. Притисокот од кривичните пријави и друг вид кои постојат во институциите на системот, воопшто не ме плашат, туку напротив, ме охрабруваат да продолжам со својата мисија“, пишува Костовски во својата објава до медиумите.

Случај Еуростандард: Законски е невозможно обесштетување од Буџетот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот