Трифонов: Заев во Софија се сретна со луѓе кои се небитни

Фото:Принтскрин

Македонскиот премиер Зоран Заев во Софија се сретна со луѓе кои се небитни, изјави лидерот на бугарската партија „Има таков народ“ Слави Трифонов, алудирајќи на средбите на Заев со лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов и претседателката на БСП, Корнелија Нинова, пренесе БГНЕС.

„Денес, Зоран Заев се состана со Бојко Борисов и Корнелија Нинова.Тој (Заев) мораше прво да се види со претседателот и премиерот“, додаде Трифонов.

Според Трифонов, Македонија не може да започне преговори без да го исполни потребното.

„Сè додека Бугаринот не е спокоен во врска со својата историја, што е РСМ, нашето мислење ќе биде исто како и на сите Бугари“, изјави Трифонов.

ВИДЕО | Средба Заев – Борисов: Ако не најдеме решение – генерации Бугари и Македонци ќе се мразат едни со други

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот